манлихера ж.

манлихера (ж.)

Само ти и господ можете да ме спасите, — му рече и му ја предаде кусата манлихера што му ја купи Толе Паша во Софија пред петнаесст години од „Браќа Иванови".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ја запази и со неа војводува до пред три години, та дури еден од условите за предавање што му ги постави на окружниот началник во Битола беше тој: да му ја остави манлихерата како спомен и да се служи со неа во шумарската служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— На нас тргаат агите, Пере, на нас. Ми се чини тука е главната сила на Бахтијар, — му велеше Ѓорче на Перета, кој ја стискаше манлихерата цврсто и право „на месо“ стрелаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)