мандало ср.

мандало (ср.)

Повели, бујрум, ористе, шо велаат солунките! — и ја зеде оддесно да ја води горни крај, туркајќи ја вратата на мандало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И затоа вечервава не му беше ништо тешко да ја отвори влезната врата, која уште беше на мандало притурната, бидејќи Митре не беше готов со јагнето, а сестра му Стана и другата слугинка не беа готови со другите манџи и алвата, што ја пржеше внук му Најдо, дете од тринаесет четиринаесет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мандалото се поткрена и ја пушти десната пола од вратата, та оваа се отвори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тесните улички со дотраени и руинирани куќарки, со мандала, со порти, со тремови и чардаци, улици со турски калдрми, тоа е оној дел од Солун кој се извишуваше амфитеатрално.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Би им го исекол мандалото па самите ќе умрат психички.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Ќе ми се фатиш за мандалото - ѝ возврати Метакот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)