малтретира (несв.)
- Немој да ја малтретираш ќерка ми... да ја тормозиш...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Одат по куќи, малтретираат и пијат крв. Личат на надуена мешина. Немаат коски.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Малтретирав и тормозев. Во животот бев растроен и болен.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Неколкуте признати домаќинки кои ги малтретираат килимите.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ариеловото мокрење, на пр., почнува како интересен фројдовски коментар за инфантилните корени на желбата да се разгори бурата, но толку често се повторува што сугерира дека не е ништо повеќе од лична детска потреба на режисерот да го малтретира гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Отплеткувајќи ја полека својата приказна, таа раскажала дека се омажила млада за да избега од дом полн со алкохолизам и вербални малтретирања.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пишувањето за себе самиот од секогаш ми изгледало како некој вид автоген тренинг, служење на култот на self-от, непристојно малтретирање на другите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таблоидните весници и ТВ програми, некогаш на маргините на новинарството, сега се во неговиот најжесток центар.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- Ова се Цигани- чергари, тие што шетаат низ светот, немаат ни татковина, ни дом, и крадат деца, па потоа ги продаваат во Италија, а таму, газдите што ќе ги купат ги малтретираат, ги осакатуваат и ги тераат да питаат по улиците – објасни Снеже.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас така имам обичај да го малтретирам со тие „ветувања”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Додека масовни убиства биле одбегнати, дотогаш апсењето и малтретирањето на егзархискиот дел од нашиот народ во речиси цела Македонија зело невидени размери.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Мирниот војнички живот скоро без малтретирање му се виде убав.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Овие наредби беа почитувани и, по ова, мислам дека немало примери на малтретирање“128.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Десетина биле уапсени како „комитаџии“ и малтретирани. Шестмина од нив умреле во затворот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа е стар војник, многу често дете од рурален предел, кој што има потреба да ги малтретира гуштерите.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Војници беше популарна телевизиска серија, која што требаше да ве убеди дека сите малтретирања кои што ви се случувале во бившата ЈНА, практично биле идила.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Па како црковниот хор од некое село (на пример Скудриње) добил нов свирач на укулеле, кој пак у младоста бил малтретиран од татко му.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Го малтретирав фиксниот апарат преку кој месец дена не можев да дознаам каде е извесен човек и дали тој има извесна машина.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Со истата казна ќе се казни и тој што заради одмазда за дадениот исказ на лицето повикано како сведок или нему блиско лице ќе му одземе некое право, ќе го малтретира или телесно ќе го повреди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На работниците, дури и за најбанални работи, им се пишуваат казни; тие константно се малтретирани од новиот менаџерски тим,2 а оние кои ќе се спротивстават веднаш се прераспределувани на полоши работни позиции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)