маленкост (ж.)
Молчи. И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи, над својата малечкост питома заспи и мисли лош сон си сонил, лош глас си чул, ти не си тој што може друг да си и да не се плаши.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
А, ако ти е све преку Тасе, плус, рецимо, ти се свиѓа ова што е погоре кажано, па уште ако се пронајдеш себе си у мотивите на мојата маленкост – Митре Стрелата, ти си дефинитивно спремен да го дигнеш сидрото и да се запрашаш: „Бабо, бабо, а кај да се отиснам?“
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Да, секако дека беа таму: и Типот кој ги мие рацете, и другарите од празните рамки, и Потомците на блиската роднина (освен мојата маленкост).
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Трајното ослободување на Потомците на блиската роднина (освен мојата маленкост) од ментално-физичката стега не само што ќе го задоволеше чувството за праведност ами можеше да поттикне и благополезна религиозна полемика, исто како и лектирата „Злосторство и Вазна“ на часот по литература, која ја воодушевуваше романтично настроената професорка. „Дали јас тоа споменувам - вазна?!..“
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Мртво се смеев на неговата маленкост. Чувствував дека знае колку си е ништожен сам на себе, па барем беше искрен во признавањето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)