малаксан (прид.)
Бисера се топеше од милина, подигруваше од радост, а Крсте седеше некако малаксан и задуман.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Веднати, тие се губеа во високо нараснатото жито и само одвреме-навреме по некој ќе се исправеше колку да излезе од заветот, каде што беше пеколно горешто, и да го фати малаксаното ветре.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Однадвор идеше малаксано џангарање во тенекиени садови, искинати разговори, плискање на чорбата во садовите и мласкање со уста.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во нејзините очи набликнуваше влага и таму се ломеше малаксаниот сјај на месечината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа не е обично спиење, туку некакво малаксано растопување, копнеење и бегање од самиот себе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во погледите си ги видоа бездните преплашеност и почуствуваа малаксаност во колената.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Толку да сум малаксана.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега сѐ уште недорасонет, шета со очите по собата и при секое помрднување, чкрипнуваат федерите на железниот кревет и тоа го чувствува непријатно и поболно отколку малаксаноста и истоштеноста во себе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Господи, кога сиот ваш пат до Костурницата ми прошета низ главата речиси ќе фркнев од болка, а потоа, онака малаксана и изморена и немав што друго да сторам па отидов до иконата и се прекрстив. Веројатно од благодарност.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се почувствува малаксан. Германија веќе одмина изложена кон неговиот поглед со задниот, разнишан и победоносен дел на телото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сети малаксаност и лесна дремка. Сети блажено спокојство. Заспа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Омалаксаност во колената и болка во градниот кош.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)