макара ж.

макара (ж.)

Молчев. Ѝ ја подадов макарата и сакав да продолжам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Камењата ги вадеше со мака: со копање и кршење со железни чивии, со употреба на ќускии, лостови, макари.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кофата, сега нова и поголема, се врза со челична сајла и, преку макарата, за амовите на мазгата. Мазгата се викаше Анка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се влечкаа купишта камења, по два, по три, се спуштаа долу во котелот, преку макарата, а Вангел од Пустенец ѕидаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ајде, Анка! Таа тргнува напред, кофата од бунарот полека се крева преку макарата по која се лизга сајлата, Пандил сега само ја подзема, ја истура на купот, јас ја враќам мазгата назад, рикверц, по истиот правец (мене ми се падна во дел оваа работа), кофата се симнува долу, Вангел ја полни, и пак сѐ одново.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
1. Преобразби „Срцето ме влече да ги опеам преобразбите во други тела“,23 на Ѓаволот конецот намотан на макара да го замрсувам јазикот да го вртам вртоглаво на врвот врв да најдам во коцката, коцка-бесконечност во кругот, точка-вселена за габите легло, да го откријам -пред да пропеат првите петли- мистериозниот отпечаток, совршено обол божјата преса по европските полиња додека житото живее знак дава човекот да се прилагоди на чуда и да мисли низ чудеса небаре сѐ е од два краја составено на два раздвоено, непостојано хаос и космос секаде и секогаш отровен и неотровен свет двојници свет условно отворен на слобода пуштен за да биде поблиску до смртта најаве одошто теориски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)