магацин м.

магацин (м.)

Во тоа време, шест седум месеци по свршувањето на војната, останаа полни магацини со оружје, а во секоја смрека имаше по петшест пушки, револвери, бомби, та дури и цели митралези се наоѓаа ако му требаше на човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слезе надолу до Ѓуешево. Ќустендил и таман се запалија магацините во Радомир и се отвори сражението по Владаја, Крле со дружината се качуваше по југозападните огранки на Витоша за да дојде по друг пат до Софија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сандолини, нивеи, многубојни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско-министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога испука сѐ, што имаше во магацинот од својата пушка, Претседателот остана нем и неподвижен на прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Новиот центар е граден со рафинеријата и тука се редат нови згради, повеќекатници, широки улици, модерни трговски магацини, кафеани, ресторани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде има толку магацини, дуќани и други продавници, што бројот не им се знае.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде е и „Јадранка“, магацин со југословенски специјалитети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се појавија и Бритиш-авионите, а артилеријата ни ги гаѓа магацините, складиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сандолини, нивеи, многубројни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско- министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во четириесеттите години на овој век, времето кога авторот ја доживува својата афирмација, апсолутна доминација на полето на фантастичната литература во Соединетите држави имале магазинските списанија со голем тираж, што најчесто биле примерени на вкусот на најшироката публика на која ѝ се обрнувале.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дебелите обесени образи во долниот дел беа толку надуени што беше тешко да се поверува дека во нив нема мали магацини за храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поправо, едната била соба, дневна, што би се рекло, со кауч и со телевизор, тој таму спиел, но и со маса, трпезарија истовремено, а другата, кујна и еден вид мал магацин.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Подрумот беше магацин за складирање јужно овошје кое се продаваше кај големиот Бит-пазар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имено, новиот „инвеститор“, кој веднаш си најде свои полтронски соработници меѓу поранешните раководни структури, само ги испразни фабричките магацини од робата којашто вредеше милиони евра, а не даде ниту денар за осовременување на производството или, пак, негово зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вообичаено беше пензионирате и активните гардисти да држат мали магацини на оружје и муниција во своите куќи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Повеќе