магарешки прид.

магарешки (прид.)

Мене ме прати во магарешката клупа, не ме сакаше, како и јас што не го сакав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јане Славковиќ, со стан во магарешка клупа број единица во мојов дневник, од овдешнава гиманзија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За да не им студи на децата, одделни родители растовараа по некое магарешко товарче дрва годишно, меѓу кои прва беше Доста Рожденката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во ова време на другата страна на мостот, високо над карпите, во тесното магарешко патче беа веќе наместени на своите метерзи две-три стотини вооружени Мариовци, меѓу кои и Анѓа со Стојана зад еден голем камен најгоре на пусијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во квечерната тишина само тропотот на магарешките копита одѕвонуваа околу нас и ја разбива мислата дека тонеме во некаква беспатна темничава бездна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го вртам книжето и пишувам: „Речи ѝ: врагот нека ја носи и неа и нејзиниот крив нос, крива уста, поткршен заб и магарешки уши!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Самата мисла дека на ова столче седеше Адем, Толета уште повеќе го разлути и почна да подрипнува од него, небарем на магарешки трње седна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред мене еден сув магарешки трн се ниша, се занесува од лапајцата. 86
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Излегува од зад трнот магарешки,пред ровот, еве вака, колку дваесетина чекори од мене. Ја гледам,се облекла во невестинска облека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И почнува веќе да зборува: „магарешките сливи магаре ги посадило, може од голушката на магарешки измет никнале“ , зборува и веќе не знае што зборува, се губи човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ендеците широки, длабоки и обраснати со бозјак и магарешки трња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе си ставиш некој магарешки трн под главата и ќе си легнеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко со магарешко копито го удрив в стомак, а можеби подолу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ни волшебната вратика не можела да ги воскресне од земја луѓето на минатото, ни крваригата, ни синчецот, ни боцкавото магарешко цвеќе. Ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас сум само глас. - Магарешки, - го дополни гровтањето.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„И тоа замислете си каде! На Магарешкото поило“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лево горе за момент не се слушаше удирањето на казмата. Кога погледнав подобро натаму, ги видов рацете на Јована како се подаваат меѓу гранките на сливите магарешки и пофаќаат од крупните плодови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Продолжив со глодање, но овојпат јадев од големите магарешки сливи, некои од нив полузрели, што бев ги собрал во голема чинија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе