лукаво (прил.)
Лукаво се провираше низ нозете на мостовите и режеше како гладен пес, безчувствена за светлите бакнежи на сијалиците.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во следниот момент веќе тој лукаво му се насмеа и си ја избриша со белото шамиче потта.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Вероломен двојник кој досега се таеше скриен во него, наеднаш излегува и го води, и лукаво му се потсмевнува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го заплеткуваат овие луѓе, лукаво го демнат, го заплашуваат, го возбудуваат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој ќе си ја заниша главата, наполу луто, наполу лукаво и ќе ти одреди местенцето до нужникот...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Стариот се силеше да се смешка лукаво, но неговите бели мустаќи, провиснати како шилци, ја поклопуваа студено таа насмевка, и само малите очи му светеа со некоја барана веселост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како ви се допаѓа тоа. (Пауза) Се смешкате лукаво под мустаќ.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А кога се свртува, тој гледа дека на меѓата над лозјето стои полјакот, лукаво се смешка и ја ниша главата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Глеј сеа склепај ѝ дете на Ратка и ич ташак да не те боли - лукаво му возврати Спасе.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)