локва (ж.)
Мирче дојде токму на време. Уште бравите не беа скорнати, сите четворица му појдоа на овчарите кои ги најдоа боси да режат опути за да ги наврват искинатите биволски опинци што ги топеа денеска во локвата на пресопта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Токму таму. Кај големата локва.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А вие денеска ќе излезите до Црничка пресоп, ќе лежите по ридот и околу ужина ќе ме чекате на локвите. Ги знајте, нели?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога останува сам, Сенка, притискајќи едно копче во масата, целиот огромен ѕид отспротива го претвора во големо огледало кое сега ја отсликува целата долга маса со тринаесет столови, и господинот Сенка во центарот, сличен на некој чуден светец, но сепак повеќе, така сокриен од светлината, налик на дамка од разјаденост врз површината на огледалото, или пак како давеник во таа живина локва, „чии испарувања, кога-тогаш, ќе нѐ задушат сите“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На крајот, сосема ретроспективно, со тешко срце, и со едната нога веќе вон исцртаните контури (што локва од Сенка прават!?) на однесениот (кој секогаш и бил однесен, карактеризирајќи се токму со тоа деридијанско Не-присуство!, но сепак...) „леш на постмодернизмот“ (и богами пак отворајќи цела дузина прашања за „гацањето по /во/ себе и за оние мрачно преемблематизирани субјекти и објекти на Лакан...),
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Одбегнувајќи ги локвите, колку што му дозволуваше видот, железничарот Круме се прибираше дома.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во Њујорк вртежот на градот е толку силен, центрифугалната сила локва, што е натчовечки и да се помисли да се живее во пар, да се дели животот со некој.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
По паузата изведувачот лежи со главата потпрена на рака во локвите од сопствената крв. Делумно со неа е испрскан и по телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
По улиците, во чаршијата - локви крв насекаде.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Очите му беа два мокри јаглена, две ѕирки маглосани со перде, две суви локви обраснати со шевар.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А Баге, пак, сиот во модрици, од глава до петици, небаре паберка од модар патлиџан што го фатила зимска слана, така што кога го исправаа на нозе чувствуваше болка по сета снага, почнувајќи од табаните, натечени како ленени снопови во застоена локва, па до темето каде што во некој агол од малиот мозок уште му догоруваше кандилцето на свеста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се обидуваше несреќникот да се измолкне од ѓолчето, (меѓувреме сигурно беше разбрал дека Кире е префрлен во кадровското на Републиката), од она обично ѓолче со плитка вода а всушност сѐ повеќе заглибуваше во една прилично длабока локва со кал.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Луѓето како детски играчки (Со изградени софистицирани механизми И со батерии место огнилото на старите пушки) Лесно кршливи Совршени играчки Спремни за употреба ( За злоупотреба) Скок од највисока точка на сознанието Во најкрастава локва.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Кочо плати и излезе. Надвор беше темничиште. Тој тргна по џаде, шлапајќи низ локвите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
МИХАЈЛО: Се враќаме со татко од дрва, дојдовме до дворот, тишина, влеговме во манастирот, локви крв, сите заклани.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Свртивме лево, го прегазивме селскиот макадам, ги растеравме кокошките од крајсокачните буништа, и откако нѐ излааја речи сите селски кучиња, излеговме од селото и го фативме многу добриот пат. Камен до камен, локва, кал – не измеривме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Возам полека и веќе не барам порамни места од патот зашто секаде е дупка до дупка, локва до локва и не се знае која е подлабока и во која има повеќе или помалку кал.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)