лишај (м.)
Од тоа, некако чудно и за мене, лицето полно со сув лишај неочекувано му се собра.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Траеше една таква долга модра вечност, во која погледот добиваше некоја белина само кога ќе требаше да одбере дали тоа стебло пред него беше токму онаа познатата, крајпатна бука, дали она, што се чинеше како деланка во нејзината коруба, не беше само некој поцрнет лишај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А кога стигнаа до езерото видоа ѕид што се издига високо и на ѕидот многу лишај и билје црно што лачи и што цеди надолу.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Каменот умира ранет во полето на троскотот по снагата му пеат лишаите и мовта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Прозорците затворени, дрвјата во дворот исчезнале низ времето И само едно без сенка го нишаат ветришта есени: Под него стои еден згниен тланик на кој се нафатил лишај
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Писменцето што го држи во пазуварката како да го гори, небаре му се прилепило како лишај на карпа и не знае како да го скрие од погледите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И кога по неа набабри втора врз зеницата на Пандо, се подигна старечката рака и дланка рапава, жилава, ковчеста, но бодра, ја откинува за да не остави лишај на пониженост.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А со деновите што одминуваат, одвај забележливо се враќа во нејзините очи онака како што на каменот се појавува лишај и како што коренот се пробива низ кремени.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Три жолти цветови – три исчезнати монаси ќе испејат вечерно и пак ќе си легнат врз лишајот на каменот врз својата неоскверната постела.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дреново – страдалничко место и најгрда слика од која не може да се избрише лишајот на лошото што на невини луѓе им го направија челниците на грчките и македонските комунисти.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Е, бидејќи капитализам без богати не бидува, и кога тоа го намирисаа лакомите и арамиите, се сјатија и ја соголија земјата, па, чиниш, сиромаштијата брезничка како лишај се рашири по целата земја.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Рацете на Круме Волнаровски му беа залепени со дланките и спуштени меѓу колениците (имав впечаток дека рацете му беа во силен стисок меѓу колениците, за што тој, најверојатно, не беше свесен), а главата му висеше напред така што од мојата страна можев да му го гледам само левиот образ и дел од темето во сиви нијанси како лишај на кутнато дрво.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Уште повеќе се вкопа во земјата и чека и не може да ја истера лошата и злокобна мисла. Се залепи како лишај.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Времето протркала многу слични постапки и во помнењето на Фимка тие останаа не само како засушена лузна, ами и како неизлечив лишај.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Прашината подигната од развлечениот чекор не успева да ги покрие трагите што како лишај се втиснати во селската калдрма.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)