лилија (ж.)
На одење ќе застанеше на улица, ќе се свртеше, Му затреперуваше срцето гледајќи ја неа како им се радува На омајничето, на ѕвездените, на огнот на лилиите...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Нивната црвена руба, нивните наметала [и тоги] со хермелинско крзно, со кои се дотерани како [некои] мачори, палатите во коишто судат, китките лилии и сиот тој величествен болскот [ним] им е толку нужен... [Тие] никогаш не би можеле да ги мамат луѓето кои не можат да и преодолеат на оваа, толку веродостојна комедија...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)