летка несв.

летка (несв.)

„Навистина! Летка како да е вистинско!“ - се чудеше сестричето плескајќи со дланчињата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Ако е вистинско, треба да летка.“ „Па ќе летка“, - рече Надица и со ножички го исече нацртаното листенце.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Изутрина ме разбуди задушливо плачење: офкаа и дедо ми и мајка ми и сите што леткаа низ куќата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Изутрината ме разбуди задушливо плачење: офкаа и дедо ми и мајка ми и сите што леткаа низ куќата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Пред очи ми леткаа црвени светулки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Важи? му вели Летка. Четвртиот пат ги повторува стиховите сама, без помош.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Одиме долу!“ неочекувано и репително рече Летка откако и нејзе и се смачи таму на отворената планинска височина на којашто гореата го имаше укочено воздухот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ова овде испадна исклучок што го потврдуваше правилото на летка така што и нејзе ѝ беше криво што идејата ѝ се изјалови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чавката скокна и нервозно леткаше како некој да ја жегнал со вжарена гламја. – Ако нешто ти треба, мораш однапред да ми кажеш!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Денот го почнува леткајќи низ растурените крошни од зрело класје... на секоја станица љубов и топлина дели... Љубов искрена и топла...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)