летечки (прид.)
Младиот техничар Никола Аврамовски ја води групата работници кои „летечки“ ги вршат поправките.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јато летечки риби што пробивајќи ја границата меѓу двете сфери доаѓаат од морето и се селат во нас.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не знам како ќе ги поделат Добата, кај Персијците што мечтаеле за летечки ќилими, или кај Кинезите што сите незнаено прославувале родендени и Нови години со долгнавестите пишкоти и вишните небесни ракети, или некоја минута, некоја неверојатна секунда во наредниот час.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во „трансреализмот” писателот излегува од рамките на реалноста со помош на архетиповите на научната фантастика (летечки чинии...) што ги употребува на постмодернистички начин.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Гулаби. Тие се како летечки стаорци.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На еден од тие летечки состаноци, Баге меѓу другите доби задача да стапи во врска тој и тој ден на тоа и тоа место во тоа и тоа време - се разбира дека не му беше кажано каква ќе биде таа врска, машка или женска, млада или возрасна, позната или непозната.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И некои други, таканаречени летечки состаноци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И повтор предметите на себеси заличија А синиот пламен од плинот под ѓезвето не личеше веќе на оган од летечка чинија.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Налик се на летечки сокровишта со менливоста на облакот во окото, со еден свет затворен во бисерни мониста, што брзаат да го занесат пред портите на сонот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Насекаде летечки објекти кои се движат на енергетски магнетен полнеж.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)