лекарство (ср.)
Таа тажна вистина најгрубо и ја кажал еден познат лекар, велејќи и дека е непотребно сето тоа лекување, бидејќи нејзиниот недостаток, поради кој не може да има деца е уште од нејзиното раѓање и не може да се отстрани со никакви лекарства.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Оттогаш, од минатата сабота, Лазор, кутриот, гори во треска, а Јосиф бдее над него, и дење и ноќе, и со разни лекарства му ги плакне раните и му ги ублажува болките.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имено, гледајќи како калуѓерите од различни тревки прават лекарства за себе и за селаните кои доаѓаат да бараат помош од нив, еднаш се запраша зошто бог кога ги создал луѓето не им ги открил и лекарствените тајни на билките?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тераписки, што помага во лекување или за здравје; лековит; преокупиран со откривање и примена на лекарства за болести.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Кучињата ги прегледуваше ветеринар, откриваше од што боледуваат и им даваше соодветни лекарства, враќајќи им го расположението и живоста во нив.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој испробуваше најразлични лекарства.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А ти учи од него, оти тоа што го глаголи не е отров: та нели отровите, во мали дози, во капки само, како и мојата ука на преподавањето сказанија, се користат како лекарства за болки?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како старомоден лекар тој повеќе сакаше да ги посетува своите пациенти отколку тие да му доаѓаат во неговата нова канцеларија, а модерните лекарства кои правеа чуда ги гледаше со скептицизам, или во најмала рака кон нив имаше универзален однос и штедливо ги користеше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но и дерматолозите беа изненадени и збунети: секој определуваше различна дијагноза и секој препишуваше различни лекарства.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Станот ни беше претворен во аптека, шишиња со инфузии, лекарства, спрејови, шише со кислород.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Еден период имаше бактерија во стомакот, земаше лекарства и ја излечи… 2.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Мислев ќе ти дадат некоја шок терапија, некое лекарство, дека ќе ти помогнат, дека ќе се повратиш…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)