лежи несв.
лежиште ср.

лежи (несв.)

Блажена да е твојата пречиста црква во која лежи твојот многуразумен богогласен органон.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Та и сами знаете: в прашина, мртви, десетмина јунаци лежат што смртта ги смами. скапи за земјава жртви!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кучката Лиса лежела на врата и веднаш не го познала Силјана, та го слајала: "хам, хам, хам."
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
60. Вистина, со националното прашање ние ќе се занимаваме 20-30 години, но кривината за тоа лежи во нашите претходници што не ја сознаа сета негова важност и не го кладоа да зрее.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ДИМО: Ти својот долг го исполни … Во затвор лежеше до вчера …
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ЗАФИР: Не чини. Побратимот болен лежи, а ние: удри на песни.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Стојане! Покроце чукај! Не траскај толку! Знаеш дека болен човек лежи!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со песната и се пее, и се плаче! (Почнува да пее, сите го придружуваат.) Болен лежи, млад Стојан, болен лежи, ќе умре, над глава му младата невеста с’машко дете на раце, солзи рони, солзите ѝ капат на Стојаново лице...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (По малку време се враќа.) Си ја заборавив, божем каде што лежев кутијата за тутун. (Ја покажува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МИТРЕ: (се испружува убаво). Шуќур каде оставил господ лежење, да може човек да си ја одмори снагата...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Лежи од војна световна, лежи — и веќе земјосал — силно го тага изела задека тука загинал.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А таде - в гори зелени в сума гробишта лежеа делии - одбор јунаци за татковина паднати.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Натаму - в поле битолско чемрее врба проклета - под врбата незнаен гроб, в гроб лежи војник непознат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Надвор лежи Турчин, а внатре те љуби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А пак на улица да лежи, нема да ја оставам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога лежеше надвор ти можеше да му удриш, и јас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Лежеше мирно и неподвижно и едно време на Мечета му се стори дека заспал.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Наоколу лежеше тишина; во тишината се слушаше како шумно удираат притките по застојаната вода, од време на време прелетуваше со гладен крик понекоја птица риболовка или штрк.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пандета го утепаа, а Алексо ранет лежи, на фашисти гордо вели: „Убите ме, в кучина, другарите ќе ви платат!
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Лежев со затворени очи и со страв го наслушнував крцкањето на зглобот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе