легало ср.

легало (ср.)

Тој се тргна исплашено, се исправи дополу на своето сламано легало.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Зајачето си отиде дома. Сега сигурно си лежи во своето топло легало и сонува пролетни соништа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе од десетина часа не се помрдна од легалото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го најде својот самјак многу доцна, дури на последното легало, за кое знаеше, во една шума што се паѓаше веќе во некој туѓоселски синор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Замина понатаму, по дирата, што беше сѐ уште испомолзена со оредчените капки крв, а за сето време мислеше уште на неколкуте легала, што ги знаеше од оваа страна на сртот, кон кои сега го водеше онај негов самјак напред, и реши дека ќе може да се врати дури откако ќе ги помине нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа гости и тој им го отстапи своето легало.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тргнуваме по ридот угоре барајќи место водата пат кај не пробива ни ветрот легало прави.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Земјата ја влажи крик на задоцнета птица легалото што си го бара.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И копај, копај, копај, и дувај си во прстите, одвај ја ископав дупката, за да му направам легало на девојчето. На Роса моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мора да се врати на легало, вели, мора да се растовари. И чекаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стрчувам и од легалото му го земам јајцето. Ја засукувам скутината, го клавам јајцето в скутина, и трчам кај Доксима Тренчески. На меана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, во берењето, ќе ги наоѓаме легалиците нивни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Риса и Тронда ги средуваа легалата на децата што тој ги имаше сросано, а за нив тројцата допрва ќе направи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кокошките ќе се раскокодакаат, ќе претаат со нозете, ќе ги шират крилата, ама не ќе можат ништо да сторат, ќе дозволат да бидат однесени во просторијата под плочата каде што Чана веќе приготвила легало за неа и за нејзините пилиња веднаш до другата просторија во која ја смести својата мајка , нејзините бовчи и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Иако од измореноста денот го преспале, староста ги повлече накај легалото.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со суво билје легалото да ѝ го постелеме... невестинската кошула да ѝ ја облечеме... лицето смилосано со превез да ѝ го прекриеме...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)