лажливец (м.)
Таа борба ќе им ја симне маската и на едните и на другите и ќе ги востанови симпатиите на европската јавност и на европските влади во полза на новото течење и против лажливците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Да не се чувствувам себеси, својата мисла на покајник, лажливец и малодушник!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
О, боже, кога ме виде тој таков меур, надуен, преправач, најголем преправач, штурец, лажливец, непромислено прсна во смеа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)