лабилен (прид.)
Доблестите на маниристичкиот тип на човек, според Херберт Рид, се состојат токму во неговата лабилност, неговата неодреденост, несфатливост, во неговата постојана игра со она скриеното во себе и во нештата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Знаејќи ја нејзината лабилна избувливост, никој, или барем така се чинеше, не ѝ обрнуваше внимание.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)