куќиште (ср.)
„Сакав, сега не сакам. Било и поминало. Мал си ти за младоженец. А ни куќа, ни куќиште.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ е создадено за тебе, пчело
и небето, и куќиштето
подзинати како гладни усти
конус на копнежот - дом...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ете, токму затоа, како на старите телевизори со неуки сопственици кои куќиштето го потчукнуваат, ми требаше итна и ударна поправка...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)