курназ (м.)
Си седи курназот, си чита, си пишува, навлекол влечки, мака нема.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Голем курназ излезе овој Достоевски, си велам и одеднаш сѐ како да ми е јасно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Додека на Ване не му текна на најверојатното: - Да не ми го собрал оној Курназ?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
3. „Баш да го видам тој Курназ“, си рече Ване наоѓајќи се - одеднаш, не сакајќи, потамина, којзнае како - пред неговиот киоск.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А зошто Курназ? Секој прекар си има свое потекло, ако не и свое проклетство.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Трпе мавна две пива од нога колку да не речат соселаните дека се праи градски курназ и замина од селото.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Но дали демократијата е буквално владеење на народот или, пак, тоа означува владеење на неколкумина курнази кои уствари го злоупотребуваат гласот на простиот народ?
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На Балканот нема поголем курназ од историјата!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)