курва (несв.)

И он отишел, влезнал дома, и скоро земал тефтеро, и видел жената на господаро курвила сос еден измеќар. Ама не гледал на них.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- Битола е полна војски, велат лиферантите, проматарите, и офицерите само се коцкаат и само се курваат, велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам кој е тој, но ќе знам штом ќе го видам, и тој ќе личи на нешто, и нема да се курва.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дека тој пие или се коцка повремено, а се курва постојано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)