кулиса ж.

кулиса (ж.)

Калдрмата на мртвата улица беше покриена со жолт матен превез, беше стисната меѓу два реда кулиси.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Изгледаа како стари кулиси, зад кои невидливите петли ги параа своите грла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мочуриштето беше зад кулисите на животот, брате Јоване, а предвечер, со прелетувањето на пајките, отекував од комарци и се враќав во заедничката барака без огорченост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Започнуваше да се развиделува, но матно; селото имаше изглед на вештачки декор, на кулиси поставени за драматика, за морници.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Менувањето на кулисите на пост-замјотресното Скопје беше вртоглаво. Градот од разгледниците исчезнуваше без милост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како и да е, има навистина премногу слоеви за читање кај Гринавеј („Бебето на Макон“, на пример, може да се сфати и како филм кој медитира над фамозното транс-историско непријателство меѓу иконофилите и иконофобите?!), но тонот на апокалипсата секогаш е доминантен, не давајќи му кој знае колку простор на, од друга страна сепак прекрасно рафинираниот хумор на Гринавеј, многу суптилно ужлебен меѓу „литерарното“ и филмското”; сарказмот, велам, сепак доминира и често дотура прав врз и онака распаднатите кулиси на еден одамна умрен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Останатите спотови служат како кулиса.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оди вака: „Кулиси на животот. Не се потпирај. Не се потпирај на нив. Не се потпирај ептен на нив, Човеку!“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Принцот излегува на улица и шлапка по калта од дождот романтичен... впрочем, последната песна што ја напишав се вика „Кулиси на животот“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако некој се наведнува преку прозорецот од другата страна на проѕирниот свод меѓу вообличеното и невообликуваното значи: Нептун се наведнал Посејдон посегнал, стрепел страотно китот убиец во височините се нурнал свикнат на дно, на бездна свикнат на најкусиот пат до центарот, внатрешниот круг на Психе до замислената точка, мигновената морфема: едната глава на едната, другата на другата страна, оностраната медузо, пијавицо осмоока стовариште за back-up фреквенција за реставрација, свргни ја од власт формата, поведи двобој восторжи ја публиката, гледалиштето дејството изделај го зад кулиси, класично спушти го пердето, занишај ја сцената оддалеку навева Вишниот виши, виши вишнее а под него тлее водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се смета дека палестинските водачи тогаш ќе ја направат историската грешка поставувајќи услови за нивното учество, односно на тој начин влегувајќи во играта на Хенри Кисинџер, кој маневрираше зад кулисите за да ги исклучи од историскиот процес едновремено и Организацијата за ослободување на Палестина, СССР и ООН, да ја заклучи Конференцијата во Женева за да се појде по политичкиот пат на решавање на судирот, чекор по чекор , што одеше во прилог на стратегиските интереси на САД во однос на мирот и заштитата на израелските интереси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа место, во врска со изведувачките професии, можеше да биде: сцената, кулисите, монтажата - секаде каде што требаше или мораше да се работи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа не е случајно, некој нешто сака, едно да се шпиунираат сите мои чекори, друго да се води интригантаната игра зад кулисите која изгледа во моето окружување никогаш нема да излезе од мода.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)