кукавица ж.

кукавица (ж.)

В сенчести гранчиња тука кукајца се вести штом пролет ќе наближи само, таговно в пресрет и кука.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Што си дошла ти самичка без сина, без штерка или немаш ти роднина, иста кукавица?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас ќе си бегам овие дена Со Илија во пуста планина, А мојата мајка црна вдовица Ќе остане сама како кукавица!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ете, кукавицата земи ја. Таа е бездомник, скита низ гора и им ги брои часовите на старите луѓе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не го згрозува воздухот модар пелин, не собира в грло солзи кукавица по својот род оставен в туѓо гнездо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знаеше дека можеш да си сигурен во некого дека е кукавица, но дека е многу незгодно набргу со свои очи да го видиш; а и тој да е свесен за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А пред големите деца се испрчува како да добил орден за својата храброст, и додека бојата на лицето пополека му се враќа, тој вели: - Видовте... видовте ли кој бил кукавица?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ти си кукавица, мајкин сине – велат големите деца. – Те знаеме ние тебе. - Не сум кукавица. Ќе видите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Славејчето пееше, ќосот свиркаше, кукавицата ја вртеше својата опашка и од високиот даб се разнесуваше нејзиното: „Куку-куку! Куку-куку!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не потраја долго, одоздола се јави друга кукавица.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во присојот, над Заветна се огласуваше кукавицата, низ папратот, низ грмушките чуруликаа невидливи пилци, радувајќи ѝ се на пролетта, разлазени, растрчани по падината блееја јагнињата, а над сето тоа како пленувачка музика, изведувана од огромен оркестар, трепереа ѕвонците, клапките, прапорците. Убавина!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ајде, најди во себе некоја здрава жиличка пушти напролет некое листенце, па ќе долета кукавичката, ќе слета на тебе, и ајде - кукавица кука на зелена бука!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оди, Толе, собирај шо повеќе луѓе да свршиме работа, а тој ни капка крв не виде и а намачка како кукавица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токо, ајде најдете го од ѓаволот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кукавицата не ја запира својата кукавна тажба и сега кога сѐ се радува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
21. КУКАВИЦАТА КУКА ОТИ СВОЕ ГНЕЗДО НЕМА - а човекот, да не биде тратен, залче леб апне и се втурнува во полето дрва и кал да зема па такво гнездо, кукавичино, да направи запне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- Имале среќа мајка ти и татко ти, имале среќа, да не останат црни кукавици - си зборуваше тивко, тетка Рајна, сама за себе, притискајќи нѐ до своите скутови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Кај гледаш, мори, куќа, кукавицо моја, велам, кај гледаш дома, велам, кога уште не сме излегле од шумава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некоја кукавица, во кукањето, проговорила.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе