кубе (ср.)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Барем да сум само една ноќ едно кубе на нејните плеќи!
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Високо во воздухот, се позлатија и пламнаа кубињата од црквата Свети Климент.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ноќта и нам нѝ се криеше меѓу трендафили под прозорец Земјата ја пишуваме со мала буква И кубиња стоеја заклучени зад ридоите.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Нивната песна се виши над кубето од божилото дур ти го готват лебот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Нејзините зборови се извишија како копја над морето И како црвени кубиња по редиштата зад нас.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Да се биде во Келн, а да не се види оваа знаменитост навистина претставува пропуст се разбира, катедралата секој ја посматра од свој аспект, но секој во неа ќе пронајде нешто што фрапира - нејзината големина, височината на кубињата, релјефите, оргулите и нејзината акустичност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа е знаменитата и монументална Келнска катедрала, која, со своите кубиња, високи 155 метри, речиси и ги распарува облаците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На ова место, во чија непосредна близина се распростираат букурештанските езера, се наоѓа домот на печатот „Скантеа“ - една огромна зграда, која се идига на повеќе од петнаесетина ката, со четири помошни , на кубиња поствени, згради.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се отворија сончевите сараи и палати, Екнаа химни, свирки, харфи, лири, Испукаа сите: Злите и нечестивите, Блеснаа кубињата во сводни позлати.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Душата веќе му лета, ко ластовица под кубето, но не може без него да избега.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Одраната кожа на малтерот откриваше добро изрезани бигорливи камења од какви никогаш ниедна куќа по нашите села не се градела: право да бидат богати и да живеат по крепости, под кубиња и меѓу сребрени кандила, меѓу стари и умни книги, имаа само светците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пишувам уште една приказна, или писмо, за љубовта. За мене, набрекнато кубе на Даут-пашиниот амам го преполнува речиси целиот прозорец.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И покрај тоа што големата и убава црква беше претворена во кино сала, господ во кубето што не успеаја возрасните да го премачкат или покријат, имал контрола на ситуацијата и не дозволи да експлодира бомбата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но тој не го насети тоа. Добро, не само тој? Многумина поминаа под тоа кубе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Стиснат така одзади, како токмак во обрачи, Грдан зјапаше во прозорецот што гледаше во кубето небо од осветлениот град и се обидуваше да си ги замисли низ ношницата нејзините гради, нејзините бутови и нејзините колена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Црквата, иако со безброј свеќи по шанданите и со гроздови сијалици спуштени од кубето надолу со блескотна светлост во нив, како да беше обвиена со самрак, веројатно поради чадот од свеќите и темјанот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Имаше два влеза со железни врати и со кубиња и беше покриен со олово.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)