кубе (несв.)

Расплакана Албанка, косите што си ги куби, фалби на Кузман му плете, бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил можеби маж или дете.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но, Илија со едно замавнување со десната рака, во која го држи ножот, ги одстранува обете и тие продолжуваат да си ги кубат косите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Илко го закла и ѝ го остави да го кубат и варат со Митра, а тој го зеде пагурчето со ракија и еднодве јаболка и отиде в село да го покани нункото и еден девер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се правеше дека не нѐ познава.„ Го кубеше крајот на уларот и беше замислен. „Но сепак нешто станува.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ситно чекорат, кубат брзо стракчиња тревки, како да се плашат тревата да не исчезне или да не им ја одземе некој.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Добро е, - рече, - добро се сврши, уф! - просто офна тој, па стана и почна да се валка низ тревата, да кубе папрат, да клоца со нозете, да се смее.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сал една изорал бразда ламбени шишиња да садиш, а веќе кубе „светли влакна“ од брадата на бога...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Надвор времето гризе со подноктичав студ; ветерот ја кубе сламата од отворените вагони и ја пика в очи, в уста; тие што можат да одат, брзаат што побргу да се пикнат во станичната просторија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лелеј! Лелеј, лелеј, пиштам јас, си ја кубам косата се разбркувале во врбушките, нашле крстици со пушки, со ножеви, со матерки, со куршуми и што ти не. Небаре капици сено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пирејот е троскотна трева, вели, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, вели, таа пак не умира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ако не знаеш зошто, прашај, велат и му ја сечат брадата, речиси му ја кубат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа, пак, ги кубеше, ги опрлуваше на огинот во пампурот, потем ги печеше на жарот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Престануа да ја кубе тревата, го крева погледот и отворено ги гледа првин Максима а потоа и Костадина Дамчески: Ако ги оставев да ме отераат на ујќумат, вели, тие таму ќе ми направеа претрес.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се кубат, се кинат и се прпелкаат во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се кубат меѓусебно за коси, од тврд леб забите им се разнишани. Гутави времиња, братче.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се истурила кантата со измет, се истркалала меѓу нас и ние ќе се фатиме да се кубеме, да врескаме. Лудница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Веќе еднаш си го тепал и си му ја кубел брадата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што сакаш, косата да си ја кубам? Детево треба да го изранам, да го кренам на нозе, да ми го продолжи сојот оти инаку ќе нѐ истребат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе