крштевање (ср.)
Ако му се родило некому- попот треба да му мисли за крштевање.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Нунката го испи кафето, истури еден кош благослови за детето, родителите и роднините и си отиде да го земе кај ручек време и нункото со подарокот за на крштевање.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во овој град на Меза постои стара црква од петнаесеттиот век, но затоа пак во Лиеж, во црквата „Сан Бартелеми“, се наоѓа казан за крштевање, изработен од дванаесеттиот век од мајстори во Уј, кој по својата уметничка вредност, како што пишува во книгата, се споредува со многузначајните дела од времето на италијанската ренесанса.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За секое крштевање, венчавање, закопување, пеење вода, кревање леб, за секое причестување и за сѐ поп викавме од Сапотница. И за арно и за лошо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Најпосле дојде времето на вистинското дипломатско крштевање - предавањето на акредитивните писма ***
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)