кршлив (прид.)
Тој беше голем, безвкусен, кршлив мразулец, снежен човек ставан в кревет секоја ноќ, преполн со конфетни сништа, ледени кристали и снежни луњи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Едно е сигурно: ли(з)гавите раце на правдата досега не успеале подолго да го задржат нашиот месечев јунак, со кој почнува оваа кршлива приказна...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Монашки нишан:
сведоштвото на Лука Блажениот 29
„Има нишани што ги следиш
од рано детство
без да знаеш зошто:
- се будиш предзори
додека сосема не се повлекла
глувата сенка на ноќта
кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички
сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи
во запрепастувачки складен
и топол мозаик, во фрески
по ѕидовите, по подот, на сводот
и сеќаваш
кревкото, кршливото
порозното, обезличеното
се преобразува во својата виша смисла
и ти се обзнанува:
ни еден слом не е алогичен!;
- тукушто си пркнал
уште дете, стануваш аскет
и заминуваш незнајно каде
само (посакуваш!) да биде тивко, молебно
створено и од природата, и од човека
за деноноќно бдение
за созерцание, вертикално понирање
на веда - од небеса до подземи
за живеење со жиг и жедба на монах
ни горе-ни долу
повеќе таму, одошто овде
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Некој е вишок
тензијата е последица од премногу сакање
ниски страсти, совпаѓања
а предметот на желбата еден и неделив
мистичниот копнеж по неделивоста
нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма
на свеста (coitus interruptus)
во одложувањето на кулминацијата
секој од нас цел го сака
цела ја сака
колку повеќе ја одлагаме драмата
толку повеќе е тука
приклештена габаритно
еуфорично распиштолена
по меките, лимфни, срамни и кршливи
пасажи на твојата, мојата или на неговата
психа, навидум силна налик на лунатик
хистеричен
порив да се биде роден
да се осети на свој грб
животот
сѐ недостатен, сѐ пожелуван
сѐ отповеќе, сѐ отпосле
сѐ притеснет
испустен или пренаселен
сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен
од перипетии, пресврти и стресови
од иселеништва, делби и егзили
сѐ лишен од разврски
создава лажна, мелодраматична слика
- нема друг и никој не е сам -
- целоста е устрем
обичен, а врховен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Луѓето како детски играчки (Со изградени софистицирани механизми И со батерии место огнилото на старите пушки) Лесно кршливи Совршени играчки Спремни за употреба ( За злоупотреба) Скок од највисока точка на сознанието Во најкрастава локва.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
(..) Да не мислиш на подвоеноста на ликовите, на нивната колебливост, кршливост, несигурност...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Нема да умрат од тага, душите не им се изградени од стаклени ѕидови лесно кршливи, сѐ уште дишат длабоко и се чувствуваат поживо од кога и да е, тие се сведоци на времето, мора да преживеат за да раскажуваат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Мало суштество ко гризната маслинка го погребав под иконата на менталната фантазија... налик на кристален обрач, навидум недопирлив и далечен но кревок и кршлив...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)