крчмар м.

крчмар (м.)

Јастребот беше поитар од нив; крчмарот, жолтата бавна фигура зад црно тезге, покорно го служеше и беше исплашен од неговиот клун со пламен ноздри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И двајца - крчмарот со очи на мртов клен и последниот расплакан гостин.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крчмарот се повлекуваше и тој уште повеќе се исклешти. „Чекај... Каде? Сакам да платам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Крчмарот ги погледна другите двајца и пак се сврте кон дојдениот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На крчмарот и другите „трговци" им нареди да ја бележат вересијата на броевите од работниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Населбата се испразни. Остана само Челебијата со Нешка на конакот, гавазите пред неговата врата, крчмарите пред крчмата и писарите со магационерот во една одделна камена зграда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јастребот беше поитар од нив, крчмарот, жолтата бавна фигура зад срно тезге, покорно го служеше и беше исплашен од неговиот клин со пламени ноздри.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Крчма изградија. Крчмарот за игумен го прогласија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Прашаа дали има место да се преспие. Крчмарот, дебел и ќелав, и црвен дури до теме, откажа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Крчмарот му потврдуваше со глава. - Во кој полк сте служеле? - праша тој. - 13 полк, 1 дружина, 1 рота, 1 звод, - провлече кметот напирајќи особено на први.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Крчмарот, ситно, брадосано човече, рече оти леглата биле зафатени, ама ако сака, може - на маса.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога можеше повторно да гледа, го виде добродушниот крчмар зад шанкот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од под рака го гледаше Том, крчмарот, како отвора едно шише од неговото омилено пиво и го става пред него. „Четирилисна детелина”, рече Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Крчмарот си ги собра рамената.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Враќањето на Рада сите го очекуваа како главен настан. Сите без крчмар го правеа есапот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јотето Вртенце беше селскиот крчмар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)