кружен (прид.)
Спотнал денот врз каменот дур пладнето распукува од кружна имела.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На пример, павилјоните на СССР и на САД, обата грандиозни, поставени еден наспрема друг, едниот четвртест, другиот кружен.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сето ова делува најприродно, како и суптилните, кружни движења на нејзините полнички дланки, кога во наежената кожа ми втрива мирисно масло од темното, осмоаголно шишенце со етикета „Здив на боговите“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се осветлуваа кружните камени ѕидови на бунарот поврзувани со пајажини.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Информациите се симнаа удолу по кружниот пат, на лентите со двојна проверка.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Филмот открива една голема илузија на кружни движења и идеалистички желби, поттикнати и нерешливи од внатрешноста на набљудувачот, а сепак се негира додека ја навредува и умножува фрустрацијата на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Квадратурата на кругот е една од најчестите алегории за освојување на вештината. Basillius Walentinus, алхемичарот од 17 век, ги поврзува квадратот, кругот и креветот за да ја изрази следнава идеја: „Креветот на Мајката кој до скоро беше квадрат / Наскоро ќе стане Кружен.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Овој Codex всушност содржи (во втората книга) цртежи за човечкото движење - така Фолио 22 ги илустрира различните положби на човек кој преминува од лежечка во стоечка положба, со низа испрекинати кружни линии кои ги опишуваат поместувањата на значајните точки на телото - и кои мошне потсетуваат на студиите на Duchamp.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој ја отсликува сексуалноста повеќе како онанија за двајца, во која секој партнер се обидува да си ја задоволи сопствената потреба, но наместо тоа наидува на бесконечно кружно движење околу самиот себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
(Мишима, „Златниот павилјон“) За далекуисточните народи (Зен), вечноста е посакувана- за ИЕ народи, вечноста е проклетство, пекол - стравот од бесконечното пеколно измачување ја породи претставата за времето како циклична појава, првите се стремат во вечноста, вторите се стремат надвор од вечноста - а во суштина, се движат по истата патека, кружна, само во спротивни насоки. = еден сосем пристоен модел на времето = секако се бројаниците.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Делото вклучува пар дрвени врати со груби кружни отвори низ кои се гледа гола жена како лежи на суви гранки покрај поток, нејзиното лице не се гледа, а во далечината има водопад во движење.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се работи за инсталација, составена од голема кружна видео површина, на окото сличен интерактивен интерфејс и транспарентна (стаклена) тиква со отвор, низ кој што можеш да го носиш споменатото „око”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нашето внимание го привлекуваше кружен бакарен сад со цевки што поаѓаа од неговиот горен дел, па потоа веднаш свиваа надолу.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
„Облаците не се сферични, планините не се конусни, брегот не е кружен, кората не е мазна, светлината не патува право“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се доближуваме до палатата на културата која е опколена од кружен ред полицајци.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Застрашувачкото, помисли тој по десетилјадити пат додека болно ги извиваше рамениците назад ( со рацете на колковите тие сега правеа кружни движења со телата од половината нагоре, вежба што божем требаше да биде корисна за мускулите на грбот ) - застрашувачко е што сето тоа можеби е вистина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, само јагулите ја имале судбината да го остварат кружниот пат, да го поврзуваат благиот и солениот дел на нашата планета.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И ете, обајцата ги зближи и им го прошири пријателството, заедничкиот култ кон јагулите и нивниот кружен пат околу планетата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)