крснозе (прил.)
Патрокле се намести крснозе и ја започна оваа приказна за Џемал-ага. ...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- И од пред мене, - вели баба ми, а малку понатаму седи дедо ми крснозе, пред него мезе и пагурчето со ракија, пуши на луле од кочанка и го сука мустаќот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се загледав во Влатко, Дејко и Ташко. Седеа крснозе, полека го тресеа пепелот од цигарите.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
За полчас, пред наседнатите Ескими крснозе, во најразноводни садови – лејки, на бело послано платно беа наредени секакви сокови – за жените и децата, а за повозрасните – појаки пијалаци.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Воздржувајќи ги солзите, Горда посака да се зафати со нешто и да ѝ помогне на жената околу кујната, но жената сметаше дека тоа е понижувачки за неа (за неа или за Горда?), па Горда остана да седи крснозе, да пуши цигара по цигара и да гледа изгубено во детето, што играјќи си на подот заспа меѓу играчките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)