кристално прил.

кристално (прил.)

Лежеа секој со свои мисли и свои чувства, со полни гради под кристално чистото небо, милувани од тоа речиси несетно ветре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко се доближи до поточето и ја пикна раката во кристално чистата вода. - Бррр! Мраз! - го намурти лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
XIII Боже, што сè не ќе доживееме, рекоа луѓето кога станаа изутрината, кога почуствуваа како да се наоѓаат во стаклено ѕвоно: секој глас, секој звук, па дури и најмал шум - се слушаше кристално јасно, како да се одбиваше од нешто, како да се умножуваше; се мешаа гласовите на луѓето, на добитокот, на кокошките, на птиците, плачењето и викањето на децата, трчањето и тропањето на коњите и магарињата, чкрипењето на вратите - сѐ се мешаше и сѐ се одбиваше умножувајќи се; некои ги ставаа дланките на ушите, ги лепеа и одлепуваа, слушајќи во ушите некое непрекинато: ва-ва, ва-ва.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Врнеше. Врнеше седум години; илјадници денови исполнети со дожд, од почетокот до крајот, со барабанење и леење на водата, нежно кристално капење на лисјето и застрашувачки бури како големи бранови на напливот што ги потопува островите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Водите беа кристално бистри, не толку длабоки, и го покажуваа езерското билно царство со преливите на невидени бои во кои царуваше синилото и зеленилото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сѐ беше во вечно заминување во кристално чистата оаза на планетата Земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Да, токму така. Откако започнале неконтролирано да ги испуштаат водите од Езерото, мојот став е кристално јасен: одбрана на Езерото со сите можни средства.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На ова подрачје се наоѓа Голем Кораб - највисок врв во Македонија, 2 864 метри, највисок извор во Македонија, на 2 200 метри извор на Радика со најбистра, кристално чиста вода, богата со пастрмки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Додека чекоревме крај кристално чистата река која излегуваше од Езерото, како верно чедо кое го продолжуваше својот пат кон бескрајот, кон морето, во Татковата свест, среќен што Мајка му го спасила ракописот, се всади мислата што постојано ги опседнува емигрантите меѓу заминувањето и враќањето, меѓу заминувањето и останувањето во туѓина. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во своите кристално едноставни и директни поетски повици, во чудесната синтеза меѓу индивидуалната поетска судбина и колективната палестинска меморија, во своето пеење Махмуд Дарвиш супериорно се надоврзува на големите медитерански митови, како и на арапските од предисламската епоха.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не беше смешно, туку, како никогаш дотогаш, кристално јасно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
8. На граничниот премин Кристалопиги – како што погоре е речено -по старо селото се вика Смрдеш, името го носи по кристално чистата вода што извира од планинскиот извор покрај црквата Свети Ѓорги, една од најубавите во костурскиот крај, полицаецот лист по лист ги прелистува пасошите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оваа приказна, значи, е претворена во продавница за љубовната напивка, но таа напивка, како и сите други магични напивки не е безопасна. * На ова место одеднаш прекинав со пишувањето, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто ја лажеш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
* На ова место по вторпат прекинав со пишувањето на приказнава, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто го лажеш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше еден од оние денови кога од градот се гледаше Пелистер, толку кристално јасно што можеше да се види така речи секоја Молика под снежниот врв.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Знам, знам! Тето, сето тоа ми е кристално јасно. Мојата одлука е конечна и е непроменлива.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)