кредит (м.)

„Кој го посматрал последниве години“, – пишува Јајделс – сменувањето на директорите и членовите на надзорните одбори од крупните банки, тој не можел да забележи како постепено власта преминува во рацете на лицата кои како неопходна и сѐ поактуелна задача на крупните банки го сметаат активното мешање во општиот развиток на индустријата, при што меѓу тие лица и старите директори доаѓа до разидувања врз деловна, а често и врз лична база.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Германските петролејски кралеви однапред веќе уживаа во гигантските профити, кои не би заостанувале зад профитите на руските фабриканти на шеќер…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
1) лишување од суровини (… „еден од најважните начини на принудување да се стапи во картел“); 2) лишување од работна сила со помошта на „алијансите“ (т.е. со спогодбите помеѓу капиталистите и работничките сојузи за тоа овие да примаат на работа само во картелизираните претпријатија); 3) лишување од превоз; 4) лишување од пазарот; 5) договор со купувачот дека овој ќе стапува во трговски врски исклучиво со картелите; 6) планско соборување на цените (за да се упропастат „аутсајдерите“, т.е. претпријатијата што не им се потчинуваат на монополистите, се трошат милиони за тоа да се продава некое време под цената на чинењето: во индустријата на бензин имаше примери за намалување на цените од 40 на 22 марки, т.е. речиси наполу; 7) лишување од кредит; 8) објавување бојкот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Штом го исплатија кредитот за електричниот шпорет, зедоа друг - купија фрижидер.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Интересно е во Варшава,наспроти огромното здание на Домот на културата, да се види осамената убавица - новиот хотел „Форум“, граден според шведска лиценца и со шведски кредити.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од младите се бара многу: добро да учат, да помагаат дома, да имаат разбирање за сѐ, но товарот на родителите е далеку поголем, од нив се бара да се има дом, да е топло во него, да се има облека, да се има храна, да се имаат пари за кино, за слаткарница, за патувања, за струја, за вода, за кредити и за што ли не!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Истовремено од тогаш, кој како ќе измислеше да купува автомобил, било во готово или на кредит, јас парите ќе му ги приберев.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Телефонирај и провери го нашиот кредит. Нашиот кредит исчезна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Последично е поврзан со фактот дека светот веќе дваесет години живее на кредит.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие кредити можат да се сервисираат само под услов да се земат други кредити, а тоа можеше да мине само затоа што како првобитен капитал беше прифатена една вештачка вредност, па тоа овозможи однапред да се задолжиме така што беа прифатени хипотеките на кредитите за коишто требаше да гарантира првобитниот капитал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Да, тој го стори со автомобил, му даде кредит, но каков кредит! Да ти ја исцеди сета лој!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во септември 1881 година во Цариград бил свикан состанок од претставници на европските кредитори, на кој требало да се пронајдат форми и средства за враќање на дадените кредити.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Освен тоа, тој беше нешто како сараф – даваше по луѓето пари на заем, како што сега банките даваат кредит за малото стопанство како што го викаат, на кесим, како што се вели по турски и со убав интерес така што тоа, исто така, му помогна да се збогати. Србите нив ги викаа зеленаши.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пијаниците се без скршен денар и се јавуваа сѐ додека не си ги потрошија кредитите.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Обично брачни парови агрономи, сточари, од сродни или други професии, користејќи од владата поволни кредити, отвораа свои козји фарми и обезбедуваа солидна егзистенција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Доколку сакаат да аплицираат за заеднички кредит за кола, стан или семеен бизнис, хомосексуалните парови не ги исполнуваат условите - што на хетеросексуалците им е дозволено... ај да не се повторувам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се делат некои кредити без камата, стипендии и грантови.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Застанаа малку на страна, покрај плакат кој рекламираше поволен кредит од С-банка, под кој случајно ѕиркаше зборот „Убиство“ - остаток од постер против абортусот кој бил тука пред него.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Ќе си купам топ!“се фалеше Бебек, а сите од публиката беа готови да му се потпишат како жиранти, ако за купувањето требаше да подигне кредит.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Немам кредит во телефонот, за да одржувам барем поважни контакти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе