крвјосан прид.

крвјосан (прид.)

А под тој прекрасен покрив, на кого сонцето слетуваше со своите волшебни шари, стоеше една сива длабочина, испреплеткана и затната од стеблата, со некакво модрикаво, крвјосано застрашување на понорна сенка, по која ретко можеа да се изнајдат и понекоја сина заискрена ѕвездичка на снежните кристали. Замина натаму, без двоумење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А потем тој веќе и пречекорил десетина пати кон фатената мечка и можел сосема добро да ја види ужасната голота на крвјосаната коска од ногата на мечката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И како што гледаше така, подлипна, наеднаш ги преврте очињата крвјосани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гладот ли што ги мачеше и нив исто како и џганот, или сликата на гладот што ја гледаа пред себе во партали, боси нозе како ѓон со крвјосани петици, гурелави очи и остри коски како сабји подадени под смрдените кошули на оние што ја преживеале чумата, ги издели некако двајцата од несреќните и ги направи поблиски, иако со сркањето од бакарните чанаци сакаа да покажат, ќајата - дека и покрај човечката слабост тој си е обезбеден пред допирот на несреќата, а тој пак - дека е благодарен и почестен што е со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шарко најмногу не го поднесува политичкиот комесар. Каде и да се појави тој, во ровот, во редот пред казанот - лае по него, ‘ржи, покажува заби, на грбот му се наежува влакното, го гледа со крвјосани очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие гледаат со крвјосани очи, полни омраза и истоштеност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Другиот локаџија нагло се сврте. Киро со долги чекори и крвјосани очи се втурна кон него.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Очите му се крвјосани. Дишењето му е наврапито.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)