крвен прид.

крвен (прид.)

Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - вас ќе ве дочека смело, со божјата помош во борба со душмани крвни в крв ќе запечати дело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Народот не е ништо друго, освен едно големо другарство, основано на крвно родство, на општ произлез, на општи интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Навистина, за мене би било многу понизно да земам жена и се сродам со еден мој крвни душман.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Бегови, аги крвни си мразел и секој феуд - народен враг, в Република земја сакаше да видиш, - в слобода грејнат татков праг!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Не ги знаел будистичките вештини и болувал од висок крвен притисок.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пораката беше усна и гласеше: Се слуша дека Хилмипаша веќава бераети за сите оние востаници што немаат крвни злочини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во периодите на ерупциите, Сонцето, слушав во Медон, врши и многу штетно влијание врз здравјето на луѓето со заболени срца и крвни садови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ми се крева кожата и ми се собира, ми се стегаат крвните садови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ја смешавме крвта, вели, станавме крвни роднини. 65.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врзани сме со неа ко крвни садови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Негативни искуства: Дури и во мали количества, амфетамините го забрзуваат пулсот и крвниот притисок и можат да предизвикаат екстремна вознемиреност, претерана осетливост, нервоза, импотенција и во некои случаи, делириум, паника, халуцинации и чувство на прогонување (амфетаминска психоза).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Негативни искуства: мескалинот ја забрзува работата на срцето, го повишува крвниот притисок и температурата на телото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Негативни искуства: цигарите го забрзуваат пулсот, го зголемуваат крвниот притисок и го намалуваат апетитот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да ја разгледаме идејата дека ние не сме способни потполно да ја совладаме неорганската хемија бидејќи сме направени од органски соединенија; или дека никогаш во потполност нема да го сфатиме „зеленото” бидејќи нашите крвни зрнца се црвени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во сите три фази на проектот - пишувањето, снимањето, монтажата - Стоун постојано сите ги поттикнува да одат повисоко, пооткачено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој умре прв, му пукна еден крвен сад во синусите, се задуши од сопствената крв во сон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Извршителите на крвната одмазда беа ликвидирани без судски процеси, станувајќи дел од трајното жртвување на Балканот во најразлични облици...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Комунистичкиот режим со драконски мерки речиси ја ослободи земјата од жртвувањето низ крвната одмазда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сум сакал да ја вратам крвната одмазда од пред не знам кој век.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе