кошта несв.
коштан м.

кошта (несв.)

Првин и кај ними нема, а и да го најш ѓаол и пол кошта! Срамота!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Никого не го интересира колкава плата имаш, како си ја платил колата или колку ти кошта куќата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
„Ајде, земај мера, ништо не те кошта, а јас ќе видам со нив”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секогаш дотеран, намирисан со Армани, ги поздравува патниците гледајќи ги низ цвикерите за сонце што коштаат 820 долари.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Бристол Маунтин – смучарски центар у Америка, каде што апартман за 4 души кошта 40€ дневно.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но кога некој ти одбројува од шеесет на семафор мора да бидеш концентриран, една стотинка одложување при поаѓањето може да те кошта колективна клетва. 33, 32... вратата на Мерцедесот се отвори и возачот излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Инаку, секој исцелителен третман кошташе 5 евриња.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Барем одгледуваа земја и нешто работеа за разлика од овие кои доаѓаа у гладијаторскиот смрад Скотје да се гужваат за квадрат стан кој кошташе колку 2 квадрата у Барселона.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Црна магија ви е напраена. - Праено е на оџа, а тоа малку тешко се оправа и ќе ве кошта поскупо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Му доцнам на големото, нервозно е, а јас мотам низ главата, како изгледа невработена со мобилен, па глумам глува и го муабетам пријателов, оти ми спомнува казна за на лице место, па како тој е всушност разбран, па како, не дај Боже, колегата од колата да излезе, двојно ќе ме кошта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)