кошмарен прид.

кошмарен (прид.)

Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И кога мислев дека веќе го нема и дека се изјасни се наеднаш сфатив дека неговата сенка се скрила под моето чело да притиска глуво како во кошмарна бессоница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Црниот хумор не отсуствува. Овде имаме една немилосрдна и карикатурална радиографија на функционирањето на власта на еден кошмарен систем.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Ах“. Другиот воздивна. „Каква кошмарна земја. Сенешто се случува овде. Некој го згасна сонцето; ноќ е.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Одложувањето изразуваше детско неверување, надеж дека војната е само кошмарен сон кој изутрина ќе исчезне како никогаш да не бил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во кошмарните и измачувачки соништа му доаѓаат повторно неговите умрени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во непосредна близина е коритото на реката Вардар, значи, има изобилие на подземни води, влажност, поради летни горештини обилни испарувања, и сето тоа создава една ужасно кошмарна состојба, би можело да се спореди со некаква пеколна атмосфера во каква што секој миг може да дојде до експлозија!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Покрај споменатата група за божјаците, среќаваме раскази од фолклорен карактер, раскази со поткренат тон во духот на „магискиот реализам“, класични раскази базирани врз некоја случка или лик, кои по правило имаат изведено значење, алегории и параболи од разни видови (кошмарни, поетски) и со различни содржини, анегдоти и др.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сосем блиски по духот, а далечини по формата, се бројните алегории и параболи со елементи на фантастика со ретки содржини, почнувајќи од поетските параболи (Куќа) или кошмарните визии (Писание за ѕвероглавите, Специјалист по чудни болести) и алегориите (Потоп, Студ, Кула, Писмо, Старицата и деветте кучиња) со стокмени значења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа оставете го на мира мојот начин на однесување и кажете нешто просто. Или едноставно молчете. И тоа е нешто во овие кошмарни времиња. (Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Потоа погледот ѝ паѓа на карт-посталот со ракописот на маж ѝ, и како и секое утро, откако ќе утврди дека децата спијат, наместо кошмарниот сон, ја реконструира приказната на нејзиниот живот, особено нејзините последни неколку години.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Битието нивно, всушност, многу страда: што сонот им е полн со кошмарни слики исто како нивното јаве, а за капка љубов молат, клечејќи пред самите себеси во нивниот сопствен манастир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
4. Меѓусвет: габи Нивните форми ни сраснуваат за погледот и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот: чадорчиња затворени со сласна слузокожа во бела мека лека обвивка памучни жизнерадосни белутраци млечни фереџиња повлечени, со тек на време како лажни ветувања демодирани манири на постоење; дволики појави, многуглави ламји - сенките предвреме да се насетуваат со флуид на влекачи и глодари за да биде кошмарна прошетката да има наезда на невестулки да има сѐ на претек: царски ѓубрарки, сончарки или „кукмарки“ (име за сѐ!) галапки, пупавки, млечки, рујни рујници јајчарки со боја на манго на папаја, јапонско лале или јаболко летни вргањи распукани како петици како суводолица збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А пак јас, одненадеж разбуден си го заборавив кошмарниот сон...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)