копан (м.)

Куле е кус како копан, одвај од земјата се одделува, ама кога ќе тргне, ни поповиот коњ не може да го стигне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А, уште едно копанче, синко мајчин, а? Како мисирките на три нозе да одат...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога, на одење, што слуша - плаче дете во куќата, зајдува - бабо, сакам уште едно копанче од мисирката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вие се поисплашите малку, ние го окркаме копанот и тоа затоа да ни биде на двете страни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Хиперцивилизираната афектираност во облеката на кралот на Непал и неговите придружници, смешните набрани околувратници огромни колку воденици и потпетиците високи како копаните на венецијанска куртизана, се во совршен контраст со дивјачката голотија на Калибан и останатите островјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На Јаворот, од кај нашата нива надолу, имам ловено ракови со копани од расчеречени жаби што се врзуваа на долг стап.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Их, чудо! Не видел копани!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Не е здраво да не се јаде месо. Не е здраво за телото. А копаните се вкусни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пилешки копани и крилца во ориз.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Па сепак, ете ја таму, крај фрижидерот за длабоко, полн со копани и лиснато тесто.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од добар копан месо го направи џимиринка...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Наместо ова на работниците, на рака, им се даваа „ситни пари“ во кеш, а остатокот од личниот доход им се исплаќаше во натура – преку давање свински полутки, јагниња, пилиња, копани, табли јајца, еурокрем или, пак, канти сирење!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Многу се радував кога мене ми беше ред за печен копан од петелот што мајка ми го колеше во дворот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)