контура ж.

контура (ж.)

И пак се загледуваше надвор во честата темница, кај што нејасно се оцртуваа дрвјата и контурите на планините.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сегде во светот и за сите бруцоши со уште неизгаснати млаки контури во зениците, контури на океанските острови кон кои ги носеле нивните гусарски бродови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој, со своите старечки очи, уште ги наѕираше контурите на оние мили образи, што ги впивал во себеси дваесет и седум години и од кои му беше тешко да го оддели својот поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Пред нив езерото одблеснуваше на месечината, а црквата, дрвјата и другите објекти, во манастирот оцртуваа чудесни контури.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во моментот на акцијата предметот се здобива со нови, конкретни контури, полни со автентична смисла.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Уникатниот предмет содржан во вализе-то на Мата беше познат (од списокот што го објави Бонк во својата книга за “вализе-то”) но овде беше изложена за прв пат; оваа полуапстракција (13) направена од примероци од влакна од косата, од градите, од под мишките и од гениталната зона, аранжирани по вертикала со само една тенка линија што наговестува контура на тело, и неколку исто така бледи линии кои асоцираат на формата на пенис во ерекција. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 113
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На крајот, сосема ретроспективно, со тешко срце, и со едната нога веќе вон исцртаните контури (што локва од Сенка прават!?) на однесениот (кој секогаш и бил однесен, карактеризирајќи се токму со тоа деридијанско Не-присуство!, но сепак...) „леш на постмодернизмот“ (и богами пак отворајќи цела дузина прашања за „гацањето по /во/ себе и за оние мрачно преемблематизирани субјекти и објекти на Лакан...),
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Низ прозорецот сѐ повеќе наудира светлоста и го чисти матнежот во собата, им ги враќа контурите на предметите и ги поставува секој на свое место.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се однесувам како новинар кој зема фотографија и ја сече по основните контури.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Тоа е кондом”, липаше и плачеше толку силно што кимоното ѝ се отвори и можев да ја видам контурата на таа работа врз испапчувањето на нејзините пупки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Врз огромното платно зад кое доаѓа апстрактната, патетична светлина, се оцртуваат сите непознати контури на овој град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
XXIII Во далечините се забележуваат контурите на Драч, отворената врата помеѓу Балканот и Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога не постојат надворешни записи на кои можеш да се повикаш, дури и контурите на твојот сопствен живот ја губат формата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но нивното настапување можеше да се насети уште низ разните системи, општо нарекувани тоталитарни, кои се појавија на почетокот од векот, а главните контури на светот што ќе произлезе од преовладувачкиот хаос одамна веќе беа јасни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ноќта еднаш или двапати излегов на чардакот, но брзо се враќав назад, тргајќи се од полната месечина, уплашен да не ги осветли таа јасно контурите на мојата бојазан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
При ова патување речиси постојано се среќавав, дури и се судрував со чудни фантазмагорични привиденија, чии што контури повеќе потсетуваа на кукли што ги гледаме по излозите но со подвижни екстремитети, со лица што се смеат додека очите плачат, дури и со зборови што не беа кажувани туку едноставно извираа од утробите на овие креатури.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но таа, сепак, продолжуваше да пребарува длабоко во своето сеќавање, по лавиринтите на својата длабока тишина, да ги обликува контурите на исчезнатите, во живата присутност на стеблото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја настигнува дури на патот, далеку од црната контура на зградата што доаѓаше како бледа сенка низ белите пасамка што се точкаа сѐ уште од небото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога Пелагија и Чана стигнуваат под Калето во Фестивална снегот е веќе повеќе од педа наткренат над земјата, а густината на снежинките што паѓаат вртложени од северот не дозволуваат да се опфати целиот незавршен објект, се наѕираат тук там некои контури како издвоени целини и заедно со црната зејната уста што требало да биде огромна порта од предната страна, во исто време внесуваат црно неспокојство во двете жени.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе