компјутеризиран (прид.)
Со тие пари отворив фабрики за специјани автобуси и воведов компјутеризиран јавен сообраќај во целата Република.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во окружувањето со компјутеризираните алтернативни светови, судбински се менува и топосот на уметноста, бидејќи уметничките облици настануваат со помош на дигитализација, а егзактните научни дисциплини веќе не можат да се раздвојат од уметноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Индивидуата која го надградува својот DOS систем за Windows веќе навлегува во компјутеризираниот свет.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во случај на барање на повеќе можни одговори, Кејџ ги користеше print out компјутеризираните табели според Ји Џинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На молба на нејзиниот братучед Круме Волнаровски, директорот на женскиот оддел на Прифатниот центар за странци Стево Трајчов ѝ овозможи предавањата (два пати неделно, попладне) да ги изведува во компјутеризираната училница наменета за воспитни дејствија врз жените со привремен престој во домот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)