компликуван (прид.)
Тука е и електронската машина што решава компликувани задачи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа ја сакаше својата работа, која се состоеше главно во управување и одржување на еден силен, но компликуван електричен мотор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше тоа една компликувана завршница со два коња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Вели: „Животот е многу компликуван, Васј.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој не пропушти да нагласи дека за појдовно навлегување во оваа многу компликувана материја му послужиле податоците кои се содржани во Дневникот на непознатиот монах, Дневник што изгледа монахот го водел во своите подоцнежни години, кога престојувал во реканските манастири.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Најчесто велат дека Балканот е искомплексиран и компликуван во сите области на животот, па така е и со јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)