компањон м.

компањон (м.)

Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веруваше дека беше минато времето на борбените операции откако во Тунис на 15 април 1988 година го изгуби својот прв компањон во борбата Абу Џихад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој го потсети на сличниот пример од поновата турска историја кога Ататурк (кон кого Бургиба покажуваше безрезервна восхит), обвинуван од Запад дека ја загрозува плуралистичката демократија, со фаворизирање на својата монистичка партија, побарал од својот компањон од сите битки за нова Турција, неговиот некогашен прв министер и парламентарец Али Фетхи Окјар (родум од Прилеп), да формира Либерална партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секојдневно револуционерните маршеви од звучниците на Голи Оток го занемуваа, но некогашниот борбен полет, што го предизвикуваа овие слични по ритамот на овие маршеви го восхитуваа и водеа напред со своите компањони на шпанските или балканските антифашистички боишта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)