колнеж (м.)
Трајковица удри да се кара, да колни, леле ми го изедовте Трајко мил, леле Трајко шо ме остави сама, леле јас пустата сега без тебе сум без очи и опуљ – плачеше Трајковица и колнежите не ѝ секнуваа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И ги гледам камионите, толпата растрчани, развикани и расплакани луѓе, ги слушам викотниците, лелеците, плачот, колнежите...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој ден очите ни беа полни ужас, уплав, очај, колнежи, пцости и безнадеж...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)