колибри (ср.)
Куќата нејзина исполнета беше со кафези од секакви птици: канаринци, папагали, жолњи, билбили, колибри, сипки, кралчиња, чучулиги.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Лицата, бели и порозни како креда, усните – розов лакмус натопени во киселините на воздушните честички, косите – црни, блескави кациги, сепак проѕирни, со темни, но речиси фосфоресцентен отсјај, низ кој како да се наслушнуваше пискавиот чрчор на невидливите, атомичести колибри!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Доста”, рече Бенјамин, „мака ми е кога слушам ‘закон’ и ‘контраст’ и ‘значѝ и ‘затоа’. Зошто зебу да биде колибри?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Славејот, пупунецот, врапчињата, фениксот, колибрито, сето тоа птичје царство станува огромно гнездо - упориште од кадешто жиците на виолината емитираат звуци. Патешествието е веќе во тек.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Од сите зимски птици, таа покажуваше најголема нежност кон малите колибрија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Овие мала птици постапуваа како поголеми браќа кон малите колибрија, јадеа заедно со нив и не ги туркаа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Брмчењето што го слушна пред себе ја натера да застане на патеката и истиот миг виде една колибри - црвеношијка што брмчеше и се врткаше меѓу криновите, како некоја бургија што дупчи, оддалечена од неа колку една спружена рака.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)