колешка (ж.)
Се потшепнуваше за неговата неостварена љубов кон една млада колешка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
На перонот во Битола нè чекаа петмина другари на дедо ми: дедо Шиман, дедо Јове - Галеното, брат на загинатиот народен херој Таќи Даскалот, дедо Цане, дедо Боро и дедо Миле - Штурецот - татко на тетка Марина, пријателка и колешка - новинарка на мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Танјуговиот допис е добро освежување пред утринската посета на добричицата Ема, колешка на Хорацио, која по десетина минути, ми ѕвони, задишана и некако потемнета: - Доаѓам од гробиштата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
По малку време, дојде и другата колешка, со која заедно ќе работат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ѝ го отвори малечкото сино кутиче од специјален порцелан, што го купи во Москва на филмски фестивал кога беше на гости кај другарка ѝ Гордана, нејзина колешка, што во тоа време беше новинар-дописник од тој град во Русија.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Колешки и еден колега“ особено нагласи директорката, „многу ви благодарам за вложениот труд и вонредните напори за афирмација на нашето училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Својето разочарување на големиот одмор го сподели со колешката Магда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Таа на неколку пати фрли кус, секавичен поглед кон него како да го опоменува да не го прави тоа сега додека таа е со своите колешки, но авторот намерно не обрна внимание на опомената.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Авторот беше задоволен. Беше уште позадоволен кога бргу потоа, едната од колешките, онаа од нејзината десна страна се сврте да го изгледа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сакам да кажам дека книгите од Твојата иницијална (прва) авторска фаза оние десетина тома во кои се собирани Твоите есеистички и критички текстови концентрирани врз одделни книжевни феномени или маркантни писателски личности (да не ги заборавам патописите!) главно ги читав како колешка, професорка по компаративна книжевност, теоретичарка на која примарниот (дури и исклучителен) интерес ѝ се посочените топоси или теми што Ти си решил да ги третираш следејќи ги строгите правила на научната методологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ги замоли двајцата колеги, шоферот и една постара колешка, да појдат нагоре по патот, кон буковата шума - и онака застојот изгледаше дека ќе потрае.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Во позадина се наѕираше колешката со правливите штикли и џиш розевиот кармин, чиј интерес за целата работа како веќе да спласна.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Па тоа беше малото на колешката од соседната канцеларија, која утрото ме повика заедно да испиеме по едно кафе.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Марија душо - ѝ се обрати Клер на својата хиерархиски потчинета колешка - овде во фактурата пристигната од училиштата, цената на ужинките е значително покачена од минатиот месец.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Канцеларијата во која работеше мајка ми со уште една колешка и еден колега секогаш беше ширум отворена. Таму се слеваа сите.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тоа значеше нешто посебно, иако никоја од жените тоа посебно не можеше да го дефинира во конкретно сознание, но беше важно со самото тоа дека таквиот статус ги охрабруваше „типките”, како што Илона ги нарекуваше своите „колешки” од другите соби, да бидат сигурни во контактите и договарањата со неа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога се вративме од САД јас добив отказ од работа како и повеќето мои колеги и колешки.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Меѓу публиката се собираа повеќе видни личности, како на пример битолскиот сликар Мелников, познатата глумица Мирјана Будимировиќ од Белград, глумицата од народниот театар во Скопје Мери Потхраски во друштво на колешката Живка Срдановиќ и режисерот Јосиф Срдановиќ, госпоѓата Здравковиќ од друштвото на пријателите на уметноста „Јефимија“ од Скопје – специјално дојдена за тој настан, како и грчкиот, францускиот и турскиот конзул.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Петре, ова е Тамара Вилајетовиќ од Белград, асистентка на Г-ѓа Перуниќ и Томаица Јовановска која е моја млада колешка од Битола и која помага тука за модното дефиле.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Додека гостите и самата Исидора ги пиеја последните капки од шампањското, Томаица и нејзините колешки ја средуваа целата колекција која беше таа вечер прикажана.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)