колеблив (прид.)
Трепереше над виорењето на снежниот врнеж, тој колеблив ден, а тука некаде, до каде што достасуваше скусениот поглед, неговата виделина се спрепелкуваше во снежинките, што кружеа, се испрепелкуваше во нив, денот просто исчезнуваше, сопнат, и веќе го немаше, оставајќи ја на своето место само таа густа и мека ткаеница на снежинките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Застана нерешително на прозорецот, просто се притули тука и остана таков, допуштајќи веднаш пред својот нос колеблива полутемнина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бојан често се распрашуваше кај деда си за имињата на околните места кои укажуваа на едно далечно минато, на поинакви времиња, а момчето сакаше да се нурне во тоа минато, да ја разоткрие и запознае и од таа страна својата сакана долина, но и дедо му даваше нејасни, колебливи одговори, што значеше дека многу работи и тој не ги знае.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
— Шпиуни меѓу нас нема, а страшливците ќе си ги сошијат устите, — се провикна Шаќир и му се опули на Јована в очи, познавајќи го како колеблив и плашлив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сепак во оваа година на ревизионирање на Колумбо и на страсните дебати за мултикултуралноста што се во пораст, Гринавеј е изненадувачки колеблив во проширувањето на славната тема од „Бура“ за господарот наспроти робот и колонизаторот наспроти колонизираниот. 50 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Филмот е толку далеку од црно-белото сликање на карактери и настани, што при првото прикажување (во времето меѓу војните) доста критичари му префрлаа дека ги оцрнува сојузниците, кои се прикажани како разединета, колеблива група за разлика од одлучниот и мирен непријател.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Гласот ѝ беше колеблив и далечен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Паметам дека порано брат ми често беше колеблив пред вакви одлуки и јас не можев да го сфатам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кон историското ниво на приказната кое низ преданието, архивата и пронајдениот животопис пружа увид во колебливото минато, се придружува современиот контекст во кој историјата се повторува и се огледува во речиси истоветни форми, наметнувајќи го заклучокот за неможноста од пронаоѓање сигурна точка на посматрање и на дофаќање на конечна вистина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нивните колебливи од аспект на доверба сведочења, субјективни и под влијание на повеќеструки мотиви поставени во ист ранг со можното, но не докрај дефинирани, од ликовите на Бунар прават загатки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Впечатоците му беа бројни, но колебливи, налегнати.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тие луѓе, двоумејќи, се ја откриваат колебливата страна на незнаењето, што е лоша основа за да се стекне самодоверба.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Другиот вид колебливи луѓе се со многу знаење; тие се двоумат при носење одлуки.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Одлуката за колебливите, на небото се донесува десет дена подоцна, на Јом Кипур3.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Однегувано заминување Страв пред липата, коцка Фрлена во празно На час по читање Колеблив чекор Повик на пештера, зло Што раѓа љубов Во занесот на стареењето Обединување со посевот Зрело жито, жолтици Во грне што крцка Од зборови ровови
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Со колеблив чекор оди накај девојката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)