кожа (ж.)
Што останали са в снага само кожа с кости?
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Татко му се фрла врз него и налетува на камата) Умри, умри кога повеќе ја цениш сопствената кожа од народната!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Но фактите зборуваат јасно: зголемувањето на извозот токму е сврзано со апашките махинации на финансискиот капитал, кој не се грижи за буржоаскиот морал и дере две кожи од волот: прво, профит од заемот, второ, профит од тој ист заем кога овој се троши за купување Крупови производи или железнички материјал од синдикатот за челик итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Ако е „заслуга“ на империјализмот „воспитувањето на црнецот за работа“ (без принудување не оди…)
„опасноста“ на империјализмот се состои во тоа што „Европа ќе го стовари физичкиот труд – отпрвин земјоделскиот и рударскиот – а потоа и грубиот индустриски – врз плеќите на човештвото со темна кожа, а самата ќе се повлече во улогата на рентиер, подготвувајќи со тоа можеби економска, а после и политичка еманципација на црвенокожите и темнокожите раси“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Така, на пример, сѐ посилно се чувствува недостигот на дрво, кое сѐ повеќе поскапува – од кожи – од суровини за текстилната индустрија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
По некое време, одгоре иде една модна, ама фустанот ѝ се залепил со кожата. Со неа еден, како го викаат, де, а кавалер.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Подот е послан со килим, а покрај огништето има и кожа.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Е ... колку пари ќе ни чинеше кожава да ја потурчеа! Колкаво леќе за вујка е кир Ристаќија! (со себе си).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Двајца бригадирци излегоа од водата посрамени и покиснати до кожа.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Под неговата мечешка снага, покриена со тежок кожув од црна јагнешка кожа, болно закрцкува расклатен стол.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бино се одушеви кога виде оти го наведе Дима на лизгавица и почна да му диктира: — Е, ајде да ми напишеш со грчки букви воа: „Блаже купи од Трпка скапо шес овчки кожи".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Е татко де, дека рече човекот оти на се кандисуа, тики веќе и кожата ли да му а одериме од грбот? — и се заврте да не ѝ го види лицето зацрвено.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мојата ноќ е зелена како јад; одгоре, крај да не ѝ видиш, виси бесила од кобрина кожа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Влезе уште еден, со гола до кожа избричена глава, со биковски испупчени очи. Седна спроти него и отвори некаков блок.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сеедно, во моите прсти не умрел огнот а ти имаш толку бела и нежна кожа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
По неговата кожа течеше темниот шепот на летото за умирање.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Бев ист и таа беше иста како тебе -насмеана во ноздрите, со бела затегната кожа на јаките јаготки.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)