клучалка (ж.)
Ќе влезат во вештина на чад и низ клучалката доколку не им отворам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зареве борејќи се само со раменици и со глава. Врело и несопирливо, како метална жица, неговиот глас се проби низ клучалките на катот и се забуцна во напрегнатиот слух на станарите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зачкрта железо в железо, како болка протече шумот низ клучалката. „Готово е“, се издолжи безглавата сенка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Еден ден го најдов Анастаса кај кабината во која имаше жени: клечеше надвор, гледаше низ клучалката внатре и плачеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Питропот Танаско често се допираше до вратата, наслушуваше да чуе дали чука, дали работи: ако не чуеше чукање, ќе ѕирнеше низ клучалката да види што прави.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Веднаш се симнав и отрчав на Јужната порта, да видам дали е добро затворена, а потоа го ѕиркав низ клучалката.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веќе неколку дена сум принудена да гледам во неговиот параден изглед, во студените ѕидови, во Хитлер и цар Борис, во клучалката од вратата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Почека да го чуе чкрипежот на клучот, помислувајќи дека отец Иларион се вратил, и кога не го чу, го допре окото на клучалката и го забележа полковникот Бонети.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Прислушкувала на клучалката. Слушнала што зборувам и уште утредента ме пријавила на патролите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мојата ќеркичка донесе една дома пред некоја вечер - ја испроба на вратата од нашата дневна соба и утврди дека може да чуе двојно повеќе отколку со сопственото уво на клучалката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Што мислиш, што е најновото што им го дадоа таму? Инка за уши, за да прислушкуваат низ клучалките.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нацртана, клучалка личи на платена детска кукла без раце и нозе.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Мене, нацртај ми гола жена на клучалка и толку ми треба – ќе си го одерам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И имајќи го предвид заклучоков, произлегуваше дека моето ѕиркање низ клучалката сепак било непромислено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И онака
од сите страни на клучалката
сцената е иста, а
оној кој не заминал сосема
се буди и таму кајшто е отсутен
ја спотнува во занес ереста
- плодното мрестилиште на слободата
и знае: животот не е еден.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Мирис од лаванда се разлеваше, раскошна сласт и медовина Слепо го протнав клучот низ вклештена клучалка недопрена, незабележана од туѓи погледи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Со острилото на мечот, открија љубовта сокриена во скротива карпа... ’Рти ново искушение од невистини слушни ги зборовите неизречени со клучалката пред темен понор...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)