клиника (ж.)
Вам ви е нужен многу воздух, му рекоа еднаш на клиника.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Почна граѓанската. А јас не можев мирно да работам во една приватна клиника во Атина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Нив ги лекува татко ми на Уролошката клиника.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Зазбивтани стоевме кај северната страна од Гинеколошката клиника.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ако добиеш главоболка или ако ти се лоши, родителите веднаш да те однесат на клиника“, мошне сериозно зборуваше докторката Горица.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Исто така, таа не е свесна за степенот до кој нејзиниот јазик е содржан не во апстрактните концепти и печатени зборови, туку во специфичното однесување на лекарите кои работат во клиниките, во нивните меѓусебни односи и разговорите со пациентите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во текот на следните две години била лекувана на четири приватни клиники со психотерапија, а воедно примила и триесет и четири електрошокови и имала шеесет инсулински денови и педесет коми.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Наташа со автомобил кој случајно намина ја однесоа во болница, а потоа за неколку дена ја префрлија во големиот град во психијатриска клиника.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Низ серија цртежи ги исмејува скороевците и новите богаташи. 1917 го упатуваат на нервна клиника бидејќи на воениот суд му се заканува смртна пресуда.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Букетот разбуди рој спомени од детството во Солун, кога рано како сираче, вујко ѝ хирург во една солунска клиника, женет со Италијанка, вистинска Signora, често ѝ носеше букети цвеќе на жена си, по разни поводи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Клара и јас бевме дел од оние на кои им беше дозволено во групи, во придружба со болничари, да излегуваат од кругот на болницата и да прошетаат по градот, но сепак ни таа ни јас никогаш не посакавме да излеземе од Гнездо, останувавме со оние на кои им беше забрането да излегуваат надвор од психијатриската клиника.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Затоа Густав реши да ја смести Клара во психијатриската клиника Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Затоа решив одново да ја вратам во психијатриската клиника.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Вангел умре, рече - како куче во ходникот на клиника.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Утре е понеделник и ќе ти ги договорам сите возможни прегледи на клиниките, дефинитивно да видиме што е тоа што те измачува толку.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Наутро дневна доза со лоза клиники полни, болни од цироза младо и старо со крвави очи шпирит на пазар уште се точи Господе чувај и носи во рај спаси земја од хоштаплерај и сиот шлајм дегенериран народот твој од вести фрустриран Чувај од вртешки транзициони новинарски гниди и мегафони чувај од подли странски емисари оган да ги изгори блудниците стари Повторно избори и плукачка кампања здодевни флоскули, демагошки срања реформи нови демек ќе прават со локум и кафе гласови да ќарат
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Заради сериозноста на срцевиот удар Никодин беше префрлен на Кардиолошката клиника во Скопје.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)