клик (м.)
Влажен клик на усните и остро провирање на плодот од едно постоење ново Гранките се пореваат скршени во своите сенки округли раце од месечина и рамена од облаци.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
19. Велес, колцето негово Во домот на Рацин А еден ден во нејасата измаглина се подадоа неговите раце од пресушената грутка од изронетата во заборавената темнина Дамнешни кристали растурени по почвата земна Линии складни во воздухот ги обновуваа некогашните форми дури се будеше мемлата од тркалото Со нив почнуваше земјата да се врти околу зборовите изречени во невреме И пладнето повторно ја воспеваше глината што се раѓа во неговите дланки и сите крикови несекнати и дални и кликот небесен и сончевиот оган нараснуваа во благото тесто на ломната материја на надежта Израстуваше од неа зборот во светла преобразба Зрачниот хоризонт пак над чардаците ги прибираше помнењето и смртта со затрчаноста на водите и времето
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Растојанието повеќе не се мери со чекори, се мери со кликови.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
И молкот има свој клик. Оној, некликнатиот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
За документирањето и реципроцитетот „Поглед кон камерата!“ „Ајде, насмевка… клик... и наздравје!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)